Фудбалерот од средниот ред на англискиот фудбалки премиерлигаш Манчестер јунајтед, Немања Матиќ го продолжи договорот со клубот, објавено е на официјалната веб-страница на „црвените ѓаволи”. Иако на почетокот од сезоната не беше во преден план и се повеќе се споменуваше дека српскиот интеранционалец ќе треба да замине од „Олд Трафорд“, укажаната шанса ја искорсит со добири игри да се избори да доби продолжување на договорот.
Договорот со 31-годишниот Србин ќе има важност до 2023 година.
Матиќ игра за Манчестер јунајтед уште од летото 2017 година. Оваа сезона играчот од средниот ред има одиграно 27 натпревари во сите натпреавруваа и постигна еден гол и направи две асистенции.