Несторовиќ: Во еден момент сите ќе се инфицираме со коронавирусот

Изненадувачките изјави и пораки за граѓаните кои ги упатува во екот на пандемијата од коронавирусот, членот на Кризиниот штаб во Србија, епидемиологот Бранимир Несторовиќ уште еднаш ги изненади своите сограѓани, но и пошироко државјаните во регионот. Со своите јавни настапи ги стави во недоумица.

Според него сега е погодоно време за луѓето да се инфицираат, а воспалението на белите дробови е добра бработа за да се „помине“ заканата до коронавирусот !?

-Добро е што младите луѓе кои сега се мета на вирусот имаа воспаление на белите дробови. Сите ние ќе се инфицираме од вирусот во еден момент. Не се случува ништо драматично – порачал за српските медиуми Несторовиќ.

-Ова се очекуваше. Епидемијата поминува, но не може така лесно да згасне. Земјите кои се однесуваа како Србија, рано ги затворија границите добро поминаа во оваа битка. Но, кога државата се враќа во норомалата по рестрективниот период одреден број на граѓани ќе се разболи. За тоа влиаеше и лошото време во овој период. Мене не ме изненади тоа што се врати вирусот, бидејќи тоа го очекував, туку смртноста која ја имавме овие денови – предупредува Несторовиќ.

Пулмологот Несторовиќ е со став дека активноста на вирусот не е така голема.

-Активноста на вирусот не е голема. Бројките не се загрижувачки иако народот очекуваше тие да паднат на нула. Вирусот не умира лесно. Суштината на оваа приказна со пандемијата е дека активноста на вирусот е многу послаба. Моментално 99 одсто од инфицираните во светот имаат слаби симптоми. Само еден одсто е со потешка здравствена слика. Респираторните вируси имаат карактеристика лесно да се пренесуваат, а коронавирусот е тип кој лесно се пренесува. Мојата препорака беше уште порано да вратиме кон „новата нормалност“  за народот да се адаптира на оваа ситуација, бидејќи колку подолго седевме затворени, толку потешко ќе ни биде на есен – вели Несторовиќ.

На ваквите настапи од Несторовиќ има реакции од доктори во Србија, но Етичкиот одбор на лекарската комора кај северниот сосед не се занимавла со оваа проблематика.

 

Треба да знаете
Последни објави