Тамара со емотивна објава за Влатко Илиевски: „Бев да ти запалам свеќа, се изнаплакав и си отидов“

Поминаа 2 години откако прерано згасна животот на нашиот Влатко Илиевски, а Тамара напиша емотивни зборови кои ќе ви ги насолзат очите.

На 6-ти јули 2018-та, на само 33 години почина Влатко Илиевски, рокерот со нежна душа и завидна енергија со која ги освојуваше сите.

2 години подоцна, Тамара се потсети на еден од последните разговори со нејзиниот најдобар пријател, кој никогаш нема да биде заборавен.

Силни зборови кои ќе допрат до сечие срце:

– Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив.
Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, “Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”……. Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде.Те нема. Еве веќе две години.
Нема ден да не помислам на тебе.
На Хана и раскажувам многу често за тебе и цело време и викам колку ми е жал што не те памти. На мама другарот. Најдобриот. Никој, никогаш нема да го земе твоето место, зошто ти беше единствен. Моето сино око. Мојот најверен пријател. Мојот натапиран скакулец, мојот Влатче.

Преземено од crnobelo.com
Треба да знаете
Последни објави