Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3
СДСМ и коалицијата „Можеме” води кампања со концепти, со конкретни проекти, со точно изразени бројки. Кажуваме сè отворено. Минималната плата беше 9 илјади денари, сега е 14.500, ќе биде 20.000 денари во нашиот следен мандат. Просечната плата ќе достигне 34.000 до крајот на мандатот. Со такви прецизни планови и бројки би требало да бидеме соочени со понудата на ВМРО-ДПМНЕ.
Но таму има само пропаганда. Полна им е устата со патриотизам. Но, запрашајте се дали се вистински патриоти! Зарем вистински патриоти ќе гласаат ПРОТИВ зголемување на минималната плата, ПРОТИВ зелена нафта, ПРОТИВ секоја можна мерка која парите ги враќа назад кај вас, како повратот на ДДВ или укинувањето радиодифузна такса.
Што е патриот дами и господа?
Некој кој ја сака татковината и кој прави добро за неа.
Дали е патриот тој во чие време стотици илјади Македонци си ги спакуваа куферите и заминаа од татковината или е патриот тој во чие време се обезбеди сигурноста на државата, признавање на македонскиот јазик и нација од целиот свет.
Македонскиот јазик е официјален јазик за Европската Унија! Тоа е патриотизам за кој се бореле и Гоце Делчев и Даме Груев и сите чии имиња ВМРО-ДПМНЕ срамно ги злоупотребуваат.
Нивните вековни желби се остварени. Македонски јазик и народ признаен од сите!
Тоа е за историските желби, ајде сега и за иднината.
Ние сакаме зелена, здрава и европска иднина.На ВМРО-ДПМНЕ не им се битни ниту интересите на граѓаните, ниту нивното здравје, ниту заштитата на животната средина.
Тие ветуваат дека повторно ќе доделуваат концесии за рудници за бакар, злато, олово и цинк. СДСМ со години наназад заедно со граѓаните водеше битка вакви опасни рудници да нема, концесиите да се одземаат за да се заштити природата и здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ упорно и упорно најавува рудници насекаде.
Повторно профитот им е прв и единствен мотив.
ВМРО-ДПМНЕ зборува за вишок администрација, а наместо кратења на министерства нуди формирање на ново министерство, внимавајте – Министерство за енергетика и минерални суровини. Најверојатно им е потребно за да го спроведат планот со рудниците.
Преполни се со ветувања на работи кои веќе се остварени
Ќе доделувале неповратни средства на млади земјоделци во висина од 20.000 евра. СДСМ веќе го реалзира тоа.
Во програмата им стои и ратификација на Истанбулската конвенција, нешто што собранискиот состав го направи пред повеќе од 2 години!
Во програмата ветуваат и решавање на проблемот со долговите на општините. Проблем што го реши СДСМ, а токму ВМРО-ДПМНЕ се противеше за истиот.
Ветуваат укинување на роамингот во земјите во Западен Балкан, а реалноста е дека веќе е тоа договорено. Од 1-ви јули 2021-ва цените во роаминг целосно ќе се укинат.
Вакви ветувања, празни и лажни концепти прилегаат само на фејк-њуз партија како нив.
Велат ќе има нулта толеранција на корупцијата и владеење на правото.
Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен претседател е осуден криминалец во бегство, партија чие раководство е секој ден пред судовите, денес да ветува нулта толеранција за корупција и целосно владеење на правото.
Од Игор Јанушев ли?
Кој е под сомнение за проневера од 5 милиони евра, кој го слушаме како ќе тепал жени и ќе убивал луѓе. Владеење на правото нудат Милошоски кој бега од судски доставувачи и Игор Дурловски кој предводеше толпа спремна да не убие на 27 април во Собранието.
Отворете очи, почитувани граѓани.
Имаат празни фрази, копирани мерки и проекти, полни усти фејк патриотизам. На чело со Мицкоски кој само му го грее столчето на бегалецот од Будимпешта.
Покажете им го правецот на тие политики. Во историјата! Кај што им е местото.
На 15 јули сите ќе кажеме НЕ на истото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ од кое едвај спасивме глава.
Да не се коцкаме со иднината почитувани граѓани. Не сега кога ја имаме поддршката од целиот свет да одиме напред.
За кратко време направивме многу. Но можеме уште повеќе и уште подобро!
И тоа ќе го покажеме веднаш по победата на 15 јули. Заедно со граѓаните продолжуваме одлучно кон иднината, кон ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ остануваат во минатото, остануваат во опозиција.