Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека е можно поради изборите и поради прославата на победата во седиштето на ХДЗ да се прошири коронавирусот, но изрази надеж дека тоа нема да се случи.
Хрватските медиуми пренесоа дека за време на прославата на победата на ХДЗ во нивниот партиски штад, присутните биле многу блиску еден до друг. Некои се прегрнувале и бакнувале.
– Бевме на отворено, се мереше температура, се дезинфицираа рацете. Но, признавам, во одредени моменти бевме премногу блиску еден до друг, рече Берош и додаде дека избегнувал блиски средби, јави загрепскиот портал Индекс.
Што се однесува на можноста за затворање на границата со Србија, Берош рече дека се размислува за тоа. – Ако тамошната епидемиолошка ситуација се влоши, еазмислуваме и за такво нешто, истакна Берош.