Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска, носителка на листата во ИЕ 3
На крајниот исток од нашата прекрасна земја, пулсира малата живописна Општина Пехчево. Денешниот ден ќе го поминеме токму со граѓаните на оваа општина.
Во близина на Пехчево се наоѓаат и темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методиј ја создале глаголица, најстарото словенско писмо.
Драги мои сограѓани, имаме многу причини зошто треба да сме горди на нашата земја, на културата,традициите, развиената цивилизација од дамнешно време , за која денес сведочи историјата. Затоа, од Пехчево порачувам: Младите да си го почитуваат своето историско наследство на кое треба да бидат горди, а ние ќе направиме се за да ги задржиме дома.
Во таа насока, во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек.Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%. Во следниот период продолжуваме уште повеќе и уште подобро, овозможуваме шанса за сите, а особено за младите.
Проектиравме конкретни, ефикасни мерки и политики за следниот четиригодишен мандат.
Стапката на младинска невработност до 2024 година ја носиме под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега. Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.
Силно го поддржуваме младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.
Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.
Во поранешното „Македонско село” формираме „Старт-ап село” („Start-Up Village”) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка.
Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите – тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело.
Додека СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, реализира мерки и можности за младите во нашата држава, ВМРО- ДПМНЕ знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години. Затоа на 15 јули изборот е едноставен: Силна економија и шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ. На 15 јули граѓаните, младите, одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите.