Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на Источноевропскиот турнир кој се одржува во Белград без проблеми ја совлада домашната претставничка Доротеја Јоксовиќ (2:0).
Лина првиот сет го доби со убедливи 6-0, по што во вториот сет мораше малку да запне и да го добие со 6-4. Македонската тенисерка за само 60 минути ја мина Јоксовиќ во втората рунда на турнирот во Србија.