Соопштение до јавноста- реакција на изјавата на Љупчо Николовски
„Љупчо Николовски покажува очај на ниво на Зоран Заев. Наместо да презентира конкретни проекти и програма, тој шири лаги и говор на омраза. Сите му се криви за неуспесите на неговата власт во изминатите три години. Еднаш тоа е ВМРО-ДПМНЕ, друг пат му се граѓаните. Ете затоа Николовски, но и СДСМ ќе изгубат катастрофално.
Имаа можност три години, но таа можност ја искористија за криминал, корупција и рекет. Сите ветувања кои ги кажуваа во 2016 –та ги заборавија, за сега без срам ги препакуваат истите лаги, па дури и ги надградуваат.
Народот препознава дека ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретна и реална ОБНОВА, обнова која ќе донесе раст на платите од 25%, раст на пензиите 20%, невработеноста ќе падне под 10%, ќе има 4 милијарди домашни и странски инвестиции, 0% персонален данок за млади, нова инфраструктура, конкретна земјоделска политика и многу други реални проекти.
Нека се потруди Љупчо Николовски нека ги прочита 1000 проекти од Обновата и нека види што владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе прави во наредниот 4-годишен мандат.
Бидејќи Љупчо Николовски, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!