Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска партија.
Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.
– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина – рече Бернардиќ.
Според сѐ уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт“ освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде победник.