“Блудниот син” на Холивуд искрен: “Да можам да го вратам времето, никогаш не би ни почнал”

Популарниот актер Чарли Шин имал причина за прослава на Денот на независноста, но таа причина нема никаква врска со Америка.

Актерот на Твитер објавил дека прославил една година откако престанал да пуши. Објавата им ја посветил на своите бели дробови, но изразил и жалење што воопшто започнал со ваквата лоша навика.

“Кога би можел да го вратам времето, не би ни почнал да пушам цигари”, напишал Шин.

На фановите им порачал да престанат да пушат доколку се блиску до таа одлука.

Речиси ниту еден холивудски актер на денешницата не е толку познат по својот хедонизам како Чарли Шин. Алкохолот, дрогата и промискуитетноста се голем дел од неговиот живот, а е еден од малкуте познати личности кои признале дека боледуваат од ХИВ…

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави