Главниот епидемиолог на Пакистан е позитивен на коронавирусот

Шефот на пакистанскиот тим за борба против Ковид-19 доктор Зафар Мирза, е позитивен на коронавирусот.

Мирза на Твитер напиша дека има благи симптоми и оти е во домашна изолација, пренесува Си-Ен-Ен.

Пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши, исто така, е заразен со коронавирусот, што беше потврдено во петокот.

Во Пакистан до сега се потврдени 231.817 случаи на коронавирусот, а 4.762 лица починале.

 

Треба да знаете
Последни објави