Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид-19 останува без двајца анестезиолози од вкупно 13 кои одлучиле да ја напуштат ГОБ „8 септември“ и да заминат на работа во приватната болница „Систина“, пренесе Фокус.
Анестезиолозите во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение до Костов, директорот на болницата ГОБ „8 септември“ која е позната како ковид центар и во која од почетокот на пандемијата па до сега се носат најтешките случаи.
Анестезиолозите управуваат со респираторите, а дневно во Градската општа болница „8 септември“ на респираторна машина се ставаат 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.