„Ветингот во судството создава проблеми, но затоа можеме да направиме прочистување, секој индивидуално да одговара ако има пропусти, ќе им се провери имотната состојба и на судиите и на обвинителите, и да се знае кој е чесен судија, кој не е. Комплетна контрола или ревизија ќе направиме на дел од предметите на кои работеле судиите за да откриеме кој како работел и така да им оставиме шанса и простор на чесните. Од нас се очекуваше да направиме европски закони, го направивме Законот за Јавно обвинителство. Ги донесовме сите закони што ни беа обврска и покрај силните опструкции на опозицијата. Сега правдата зависи од самите судии и обвинители, не од нас, ние сме законодавна власт, тие се судска. Но, докажавме дека имеме капацитет за воспоставиме правда, ред и дисциплина.“- објасни Заев како ќе се реформира судството во дуелот против Мицкоски на МРТВ. Заев му порача на Мицкоски дека ветинг е неопходен во ВМРО ДПМНЕ. „Јас никогаш не сум се јавувал кај судии и обвинители, заврши тоа време кога ВМРО ДПМНЕ го контролираше правосудниот систем“- изјави Заев на МРТВ.