Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски на МРТ најави дека како иден премиер ќе побара од претседателот Стево Пендаровски да им се додели медал на храброст на оние кои се справуваат со корона вирусот.
Почна една иницијатива, Филипче ме консултираше како претседател на најголемата партија, има средства во фондот, за да се наградат со 10 посто за јуни сите лекари.
А, како иден премиер ќе побарам од претседателот на државата за сите кои се вклучени, кои се справуваат со корона вирусот, кои се нашите херои, да им се додели медал за храброст, рече Заев.