Индија и Кина почнаа да ги повлекуваат трупите од хималајска граница Ладах, каде што минатиот месец загинаа 20 индиски војници при судирот со кинеката армија.
Индиските власти соопштија дека кинеските трупи ги отстрануваат шаторите што беа поставени во близина на Долината Галван, каде што се случи судирот.
Индската телевизија НДТВ објави дека двете армии се повлекле за најмалку еден километар.
Кина не објави колку нејзини војници загинаа на 15 јуни, но според индиската армија загинале над 40 кинески војници.