Лукаревска до младите: Вие сте силата која влече напред, со вас ќе изградиме европска, економски силна држава

 Социјал демократскиот сојуз и коалицијата „Можеме” нудат нова македонска развојна економија која  им дава шанса на младите. Вие сте силата која влече напред, со вас ќе изградиме европска, економски силна држава, им порача Лукаревска на младите, денеска во Ѓорче Петров.
-Во поранешното „Македонско село” формираме „Старт-ап село” („Start-Up Village”) кое ќе обезбедува  физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Го поттикнуваме претприемништвото, шанса за младите да ги реализираат своите бизнис идеи и планови. Овозможуваме основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Ние веруваме дека младите имаат идеи, го отвораме бизнис-секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска.
-Обезбедуваме директна поддршка на  младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, продолжува мерката  3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Стапката на невработеност кај младите ја намаливме за 13,3%. Со новата македонска развојна економија овој тренд ќе продолжи, затоа што ги зголемуваме шансите за младите луѓе, рече Лукаревска.
 Затоа, на 15 јули гласајте за нова македонска развојна економија, за парите уште повеќе да завршуваат во вашите буџети, за да биде уште подобро за сите.  Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ”Можеме”, Можеме и уште повеќе и уште подобро.

 

Треба да знаете
Последни објави