Николоски: Ветуваме работни места и повисоки плати за младите луѓе, својата иднина да ја градат во Македонија

Александар Николоски, потпретседател и носител на листа на изборна единица 4, денеска пред граѓаните во општина Василево вети директен удар на зелената мафија се со цел никој да не го јаде трудот и маката на македонскиот земјоделец.

Директен удар на зелената мафија преку отворање на можност за формирање на мали и средни претпријатија за откуп., вели тој.

Николоски посочи дека основно ветување кое ќе го реализира идната влада на ВМРО-ДПМНЕ е формирање на фонд од 200 милиони евра за формирање на мали и средни претпријатија за откуп на земјоделските производи кои што ќе гарантираат загарантирана цела и навремена исплата

Ќе овозможиме во следниот четири годишен период фонд од вкупно 200 милиони евра без бескаматни кредити, обновливи кредити, односно револвинг кредити. Тоа ќе е најголемиот фонд кој што било кога определен во бескаматни кредити во Македонија и ќе биде наменет за откуп со цел да постигнеме две цели, прво да имаме загарантирана цена за никој да не ви го јаде трудот и маката, и второ исплатата да е навремена за да не се случува како сега да го предадете родот па да чекате со месеци да ви се плати, а во меѓувреме да се задолжувате по банките и банките односно каматите да ви го јадат трудот. Тоа е нашето основно ветување кое што ќе го направиме во следните четири години, вели Николоски.

Втора работа за земјоделците, да ја наводниме Македонија, имаме прекрасна земја за жал не секаде има вода. Секоја година 20 милиони, вкупно за 4 години 80 милиони евра за ревитализација на постојните каналски системи, за изградба на нови каналски системи, како и изградба на мали акумулации во кои ќе можете да се собира вода, за после истата таа вода да се користи за наводнување, рече тој.

За младите поддршка доколку сакаат да стартуваат во земјоделието. Неповратни средства за 20.000 евра за старт во земјоделието. Понатаму до 50 проценти поддршка за купување на механизација, до 50 проценти поддршка за воздигнување на нов насад или за ревитализација на постојан насад, додаде Николоски.

Николоски вети и пресметка на зелената мафија во делот на ѓубривата укажувајќи дека од средбите кои што ги имал со жителите на општина Василево слушнал дека една вреќа ѓубриво во Македонија чини двапати повеќе од истата вреќа ѓубриво од истиот производител од Србија.

Дополнително едукација за да знаете што да садете, кој вид, која сорта да ја садите и како да добиете повеќе плод односно да добиете поголем приход. Пресметка на зелената мафија во делот на ѓубривата. Само за споредба тоа го слушнав од вас, го проверив и така е, една вреќа ѓубриво во Македонија чини двапати повеќе од истата вреќа ѓубриво од истиот производител од Србија. Два пати повеќе затоа што трговците имаат направено монопол, се договараат меѓу себе и нереално ги креваат цените. А тоа е направено така затоа што владата измислила односно договориле дека лиценци треба да добиваат за да се занимаваат со таа работа. Имаат дадено ограничен број на цени, со цел да можат да одат со овие високи цени.

Николоски истакна дека ќе стави крај на ова и вети стимулирање на инвеститори кои се расположени да отворат фабрика за производство на ѓубрива.

Ќе ставиме крај на тоа, помеѓу другото и со стимулирање на инвеститори кои се расположени да отворат фабрика за производство на ѓубрива, се со цел да можеме ако ништо друго, да ги донесеме на цена  колку што е во Србија сега, а тоа е дупло помалку од ова што го плаќате сега за да не ви се случува трудот покрај зелената мафија да ви го јадат и земјоделските аптеки каде што сите вие за жал мора да се задолжувате за да може да ја работите земјата, објасни Николоски.

Николоски, нагласи дека бројот на иселени млади во последните неколку години значително пораснал, потенцирајќи дека сите заедно мора да работат за да стават крај на ова односно како што рече тој бела чума и вети голем број на проекти кои ќе значат стабилна работа и повисоки плати за младите луѓе.

Сите заедно мораме да ставиме крај на белата чума и со еден од основните проекти кој што го ветуваме, а тоа е секој кој што ќе врати млад човек до 29 години да нема никакви давачки односно да не плаќа давачки кон државата, изјави Николоски.

Николоски ги повика граѓаните на 15 јули на масовна огромна и референдумска излезност и да стават крај на ова три годишно опустошување и пљачкање на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави