Поранешниот фудбалер на Јувентус, Џузепе Риза почина денес на 33-годишна возраст.
Тој ги помина сите категории на клубот од Торино, а во својата кариера играше за Јуве Стабија, Ливорно, Арецо, Пергокрема и Ночерино.
Несреќниот Риза претрпел хеморагија на мозокот во јуни минатата година и не беше во можност да се опорави.
Џорџо Киелини исто така се збогува со поранешниот играч на Јувентус преку Твитер.