Силна и недвосмислена поддршка од Европа за Никола Димитров, кандидат на коалицијата „Можеме”

Силна и недвосмислена поддршка од Европа за Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме” во изборната единица 1. Колегите и пријатели, министрите за надворешни работи на Луксембург, Литванија и Чешка, и државниот министер на Германија за Европа, Михаил Рот, сите со најдобри оценки за работата, но и личноста на Димитров.
„Тој согледа дека личниот комфор е помалку важен од интересот на државата. А кога ќе видите ваков човек од збор, кој умее да ги исполни намерите и да го оствари ветеното, без оглед на пречките и проблемите, тоа е дефинитивно многу важно, па затоа му посакувам сè најдобро на Никола во неговите идни потфати.” – рече министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус.
Додека пак МНР на Чешка, Томаш Петричек вели: „Еден паметен, навистина многу паметен човек, бидејќи се викал Алберт Ајнштајн, рекол – Не настојувајте да нижете успеси, туку да создадете вредности”. Од оваа перспектива, Никола, пријателе, не сум загрижен за тебе. Ти докажа дека си за пример со тоа што ја внесе твојата земја во НАТО. “
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, кој и’ помогна на Северна Македонија на нејзиниот европски пат и кој многу пати ја посетил нашата земја вели: „Бев сведок на огромната позитивна промена што се случи под водството на Социјалдемократите на премиерот Зоран Заев. Мојот драг пријател и колега Никола Димитров беше и сè уште е, според мене, незаменлив за позитивниот пресврт што го направи Северна Македонија.
Драг Никола, ја претставуваш својата земја со чест и уверување. Ѝ обезбеди на земјата сигурна иднина во мир, во Европската Унија и во НАТО: Луксембург е почестен и горд што ума нов и сигурен сојузник во НАТО. Ќе продолжиме да ви помагаме да станете членка и на ЕУ. И во иднина може да сметате на недвосмислената и безрезервна поддршка, како од мене така и од Луксембург.
Затоа, да можев да гласам, ќе гласав за Никола Димитров!” – порача Аселборн.

 

Треба да знаете
Последни објави