Царовска се сретна со негувателките и персоналните асистенти: За поголема инклузија во општеството продолжуваме со поддршката и помошта на лицата со попреченост

Носителката на листа на пратеници во ИE 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва се сретна со негувателките од “Хуманост” и персоналните асистенти на лицата со попреченост ангажирани преку Црвениот крст.
На средбата Царовска разговараше за социјалната реформа со којашто се воведоа персонални асистенти и нега во домашни услови, но и за следните активности со кои е предвидено отворање и развој на социјални сервиси на локално ниво.
Царовска на средбата истакна дека изминатиот период како одговорна Влада којашто се грижи за сите граѓани подеднакво е направено многу за лицата со попреченост коишто ја добија потребната помош и поддршка значајна за поголема инклузија во општеството. На состанокот се зборуваше и за можноста негувателките за нега во домот да се лиценцираат исто како и персоналните асистенти за што трошокот за обуките и испитите ќе биде покриен од државата.
На ниво на држава во моментот 153 лица со попреченост користат услуга од персоналните асистенти.
Треба да знаете
Последни објави