Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средби со граѓаните во Гостивар, на кои, како што напиша на неговиот Фејсбук профил, тие говореле дека сакаат да живеат во држава во која ќе се почитуваат законите и во која ќе владее правото.
– Ред, поредок, неселективо спроведување на законите, засилена борба против корупцијата и криминалот, ова се темелите на кои ќе го градиме полициското работење во иднина, потенцирал Чулев. На средбите со граѓаните во Гостивар, министерот Чулев појаснил дека преку систематски мерки и активности ќе се надогради безбедносниот систем, со цел да биде ефикасен на стратешко, оперативно и тактичко ниво за да се спротивстави на сите облици на организиран криминал и корупција, вклучително и во своите редови, унапредувајќи ги притоа, подвлекол, капацитетите за соработка и заедничко делување со ЈО за гонење организиран криминал и корупција.