Шекеринска од Мечкин камен: На 15 јули младите ќе гласаат за нова македонска развојна економија

Додека СДСМ го рализираше големиот проект – парите кај граѓаните, ВМРО ДПМНЕ беше против секоја идеја и секој предлог парите да се вратат во семејните буџети.
Мицковски и ВМРО ДПМНЕ покажаа дека единственото нешто за кое што се грижат претходните 11 години е како да обезбедат повеќе пари за нив и за нивната партија, па и по цена младите во континуитет да ја напуштаат нашата држава.
Затоа на 15 јули изборот навистина е едноставен – тоа е избор помеѓу шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО ДПМНЕ. Во изминативе 3 години навостина имавме фокус како да помогенме младите луѓе полесно да дојдат до подобро работно место. Затоа само за 2,5 години стапката на невработеност кај млади лица падна од 48,6% на 35,3%.
Тука не застануваме бидејќи и оваа стапка мора да оди надолу. Тоа ќе го правиме и ќе успееме во тоа само ако обезбедиме и пари и политики кои што ќе отвараат нови работни места, подобро платени, со подобри услови за работа.
Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 година веќе обезбедивме 1,3 милијарди денари.
Тоа значи директна поддршка на младинското и женското претприемништво кое што подразбира грантови за млади и жени во висина од 5 000 евра до 15 000 евра. Тоа во исто време ќе значи и поврат на персоналниот данок на сите нововработени до 29 години во првите две години од нивното ново работно место.
Овие пари ќе ги плаќаат работодавачите во буџетот а ние ќе ги вратиме директно назад на сметка на младите до 29 години.Во поранешното „Македонско село”ќе формираме старт ап село, или старт ап вилиџ, кое штоќе нуди физички простор за сите млади кои планираат да почнат со бизнис или веќе почнале со бизнис. Тоа ќе им ги намали трошоците за работа и ќе им даде шансинавистина да го развијат својот бизнис.Ќе подолжиме со мерката со која даваме поддршка од 3 000 денари за секој млад до 23 години кој што со завршено средно образование заминал да работи во производство.
Тоа значи дека со овие средства ќе финансираме поголем број на млади да се вклучат во пазарот на труд, и да обезбедат шанса за подобра иднина. Наша цел е во следните 4 години секоја година стапката на невработеност да ја намалуваме за 3% годишно со цел на крајот на мандатот, за прв пат во нашата историја, да стигнеме до едноцифрена бројка на стапката на невработеност.
На 15 јули и младите ќе гласаат за нова развојна македонска економија, ќе гласаат за своите пријатели, за сите млади во државата и ќе гласаат повеќе пари повторно да завршуваат во нивните семејни или бизнис буџети. Заокружете го бројот 3 бидејќи парите ќе одат кон граѓаните но и кон младите.

 

Треба да знаете
Последни објави