Генералниот секретар и носител на листа на изборната единица 3, Игор Јанушев денеска е во посета на општина Чешиново Облешево, каде што оствари средба со оризопроизводителите
Јанушев на средбата истакна дека по победата на 15 јули и формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со враќање на достоинството на македонскиот земјоделец како и вистинско вреднување на трудот и маката на земјоделците.
Јанушев на средбата посочи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантирана сигурен откуп на земјоделските производи, како и инвестирање во земјоделието од 640 милиони евра само за субвенции, 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла добиток.
Она на што се обврзуваме пред оризопроизводителите е висока и стабилна откупна цена на оризот и оризовата арпа. Субвенциите за сите земјоделци мора да бидат сигурен приход на кој тие ќе се потпрат со цел да можат да го мултиплицираат производството, вели Јанушев.