Два мали авиони се судриле синоќа во воздух над езеро во сојузната држава Ајдахо и паднале во водата, засега се пронајдени две жртви.
Според извештаите, местоположбата на авионите спасувачите ја утврдиле само со геолокатор бидејќи потонале на длабочина од 38 метри.
Властите соопштуваат дека бројот на жртвите може да порасне бидеќи во двата едномоторни авиона, Цесна TU206G и Havilland DHC-2 патувале повеќе лица.
-Од водата беа извлечени двајца настрадани кои се мртви… Според првичните сознанија во двата авиона се наоѓале осум патници и членови на екипажот, но таа информација сеуште се утврдува. Има основи да се смета дека нема преживеани, информираа од канцеларијата на локалниот шериф.