Новиот состав во храватскиот Сабор, што брои 151 место, според неофицијални резултати, ќе се најдат 35 жени од различни политички партии, што е многу поголема бројка од претходно.
На парламентарните избори во 2016 година беа избрани 19 пратенички, а до крајот на мандатот нивнио број се искачи на 29.
Можно е и зголемување на бројот на жените и во 10. состав на Саборот, откако ќе се формира влада, а дел од пратениците ќе бидат именувани во извршната власт.
Најголем број пратенички – 14 се избрани од листата Рестарт коалиција, која доживеа тежок изборен пораз, потоа од Хрватската демократска заедница избрани се девет жени, од Демократското движење – четири, коалицијата Можеме – три, од Листата на националните малцинства – две и од изборната листа Мост избрана е една пратеничка.