Европската унија има намера да преземе голем број нови мерки за да се осигури дека најголемите американски компании (како Гугл, Амазон и Фејсбук) ги почитуваат монополските закони како и да обезбедат тие да ги платат сите свои даноци. Ова го изјави комесарот Маргрет Вестагер објави Волстрит Џурнал.
Вестагер, која е одговорен за конкуренцијата и развојот на дигиталната економија, повика на построго регулирање на работата на тие корпорации во ЕУ.
„Ова е цела низа прашања. Не е опфатено со само едно законодавство”, рече комесарот.
Вестагер наведе потреба од „внимателно почитување на законите за конкуренција”, како и развој на нови стандарди во таа област. Таа истакна дека компаниите за кои станува збор треба да бидат одговорни за објавување на забранет материјал на нивните мрежи.
Претходно, антимонополските власти на ЕУ започнаа истраги за голем број американски компании.