Заев од дуелот со Мицкоски: Здравствените работници да добијат медал за храброст

„Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со корона вируспот… Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста. Лекарите и сите медицински сестри се храбри јунаци кои работат 24 часа на ден, насекаде, низ сите болници. Мене ми е драго што успеваат да спасат пациенти од респиратори, што нема метежи низ болниците, што имаат направено систем на ротација за да се покријат во смените. Најмалку што можеме е да ги наградиме 10 отсто сите здравствени работници, а како иден премиер ќе предложат до претседателот да се им се додели медал за храброст.“- откри лидерот на СДСМ, Зоран Заев на телевизиското соочување со Христијан Мицкоски. Заев предупреди дека Мицкоски го негира здравствениот систем, не сака да ги признае нивните резултати. Затоа тој изрази увереност дека после 15 јули ќе продолжи сплотеноста на сите здравствени работници.

Треба да знаете
Последни објави