– Цените на угостителските услуги во јуни годинава бележат зголемување од 0,2 отсто во однос на тој месец лани. Според објавените податоци од Државниот завод за статистика зголемување од 0,4 отсто има и на индексот на цените на угостителските услуги во периодот јануари-јуни годинава во споредба со тој период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто и безалкохолни пијалаци за 1,4 отсто, додека во групата ноќевања е забележано намалување за 0,2 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 отсто, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0,4 отсто.