Се обврзуваме по формирањето на Владата испитување на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе направиме ревизија на 5 проценти од судските пресуди по случаен избор, како суделе, дали државата и граѓаните им биле на прво место или политичките и бизнис интереси. Судија кој не е чесен, ќе мора да бара друга работа. Судија кој држи предмети во фиока мора да биде разрешен. Само така ќе има правда за сите. Сите чесни судии и обвинители повикувам да го поддржат овој процес и да се исчистиме од олошот во институциите”, повика Спасовски.