Зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во соседните земји, можно е да доведе до преземање одредени мерки за влез во нашата држава, ако се утврди дека постои ризик за нашиот здравствен систем.
– Разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести за зголемениот број на заразени од соседството. Чекаме уште некои информации од Центрите за јавно здравје во градовите од соседството. Апсолутно е можно да препорачаме мерки доколку утврдиме дека ризикот од влез на овие граѓани може да го загрози нашиот здравствен систем, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали се планира воведување на некаква контрола на границите за влез во нашата држава.
Тој истакна дека за време на викендот немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но дека чекаат информации од повеќе центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија.
Врз основа на добиените податоци, следните два дена ќе се одлучува дали ќе се преземат мреки на границите.