Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја збогатија колекцијата недвижнини со уште една куќа

Тие поседуваат раскошни палати во Мајами, Њујорк и Бел Ер.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез дадоа 1,4 милиони американски долари за „мала“ куќа во Лос Анџелес, во предградието Енсино, во долината Сан Фернандо.

Колибата, како што ја нарече “Вараати“ кој всушност ја објави веста во неделата, може да се пофали со површина од „скромни 2.202 метри квадратни“, три спални соби и три бањи.

 

Според списанието, Лопез (50) е официјален купувач на имотот, кој се чини дека е или инвестиција или за член на семејството бидејќи таа веќе поседува раскошен имот во таа област.

 

Треба да знаете
Последни објави