Џулија Робертс објави ретка фотографија од својот сопруг со кого прослави 18 години брак

Џулија Робертс објави ретка посвета на својот сопруг Дани Модер во чест на годишнината од нивната венчавка.

52-годишната добитничка на „Оскар“ објави фотографија со сопругот, со која ја одбележа 18-годишнината од нивниот брак.

Познатата актерка и една година помладиот снимател се запознале во 2000 година на снимањето на „Мексиканецот“, а се венчале две години подоцна.

Тие имаат три деца – Хенри (12) и 15-годишните близнаци Финеус и Хејзел.

Двојката многу ретко споделува интимност на социјалните мрежи. Минатата година Модер објави посвета на Џулија на Денот на мајката, а пред тоа последната семејна фотографија ја сподели во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави