Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димитров на Фејсбук го искоментира видеото на СДСМ во кое поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас му дава подршка на Зоран Заев за престојните избори.
-Со овие стихови од Блаже Конески, Ципрас го поддржа СДСМ: “Уште рика истата мака во мене
дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе” Само мене ми стои дека човекот се зеза и со СДСМ и со сите нас? Зошто баш овие стихови? Кое е смачканото племе? Кој е сејач на глуво семе?
П.С. Грција е сериозна држава кога станува збор за своите национални интереси.
П.П.С. Блаже Конески има прекрасна поезија, но овие стихови не се случајно избрани.
П.П.П.С. Да се гордееш на оваа поддршка и да не разбереш што носи пораката значи дека треба да си или анационален или дека не разбираш да читаш, напиша Димовски.
https://www.facebook.com/ilija.dimovski/posts/10223178267108729



