Во изминатите 24 час во Хрватска се регистрирани 52 нови случаји на заразени лица со коронавирусот, но нема починати. Бројат на активни случаи вкупно изнесува 930.
Од 25 февруари годинава кога е евидентиран првиот случај на заразено лице со ковид 19, вкупно се регистрирани 3.272, од кои 113 починале, а оздравеле 2.229.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 4.709 лица. До денеска вкупно се тестирани 86.860 од кои 866 во последните 24 часа.



