Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на плоштадот пред Градското собрание во Нови Сад, а во протетсот им се придружија студентите од студентските домови во градот.
Долгата колона од демонстранти потоа тргна во марш низ градските улици. Граѓаните масовно се приклучуваат на протестот. Некои дури го напуштаат градскиот превоз и се приклучуваат во колоната. Песни за Косово и светителите се менуваат паралелно со левичарските песни и повиците за апсење на Вучиќ.
Група од пет млади лица, облечени во црни маици, фрлаа камења и петарди кон полициската патрола. Истата група млади луѓе подоцна со камења и петарди ја нападнаа и зградата на РТ Војводина.