Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на Мостар.
Измените се усвоени по итна постапка, предлогот доби 14 гласови „за” и еден „против”. Со измените се овозможува одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години.
Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ потпишаа два политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон.
Критики за Законот имаа претставниците на мостарските Срби, кои беа исклучени од договорот, но прашањето е решено по нивниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Договорот е постигнат по предуда од Судот за човекови права во Стразбур