Речиси сите туристи кои преку граничниот премин Промахонас (Кулата) влегуваат во Грција, се тестираат, наместо како што беше досега, тестирањата да се вршат наменски и по случаен избори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, по откриените голем број „увезени” случаи на Ковид-19 кај туристи кои преку конкретниот граничен премин пристигнале во Грција, Националната организација за јавно здравје веќе ги тестира речиси сите посетители.
По забраната за влез во Грција на српски државјани,телевизијата „Скај” коментира дека е значително намален бројот на туристи на Промахонас, денеска немало колони возила, а посетителите се претежно од Чешка, Бугарија и Романија.