Кон: Искрено никому не му паѓа на ум некого да малтретира

Со голема тага по она што се случи синоќа во Белград, како реакција на најавениот полициски час во српската престолнина кој треба да почне в петок и да заврши в понеделник, епидемиологот и член на Кризниот шатаб, Предраг Кон денеска излезе со информација дека ситуацијата со короанвирусот се смирува.

-Три дена имаме меѓу 400 и 450 лица кои се сомнителни дека се инфицирани со коронавирусот. Пред тоа имавме по 600 и повеќе вакви лица дневно. Ги имаме првите показатели дека одиме на подобро. Мерките кои ги најави претседателот на државата Вучиќ се со една цел да се запре ширењето на контактите меѓу луѓето. Главен индикатор за тоа кога би се спроведувале тие мерки е исполнетиот капацитет на здравствените установи на територијата во Белград. Во еден момент се примаа и по 300 пациенти на ден. Не смееме да дозволиме да нема места во болниците – мизјавил Кон.

 

Треба да знаете
Последни објави