Приведен велешки дилер, со такси доаѓале кај него да купат хероин

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 29.01.2020 на ул.„Љубљанска“, полициски службеници го забележале пријавениот како продава дрога на Д.А.. Лицето со такси возило дошло до куќата на Д.Д., по што возилото било сопрено и кај Д.А. бил пронајден и одземен хероин, кој го купил од Д.Д..

После тоа бил извршен претрес во домот на пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.

 

Треба да знаете
Последни објави