Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

Апликацијата МојДДВ со која се врши скенирање на фискални сметки за поврат на ДДВ кај физичките лица, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.

AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини. Оттаму е нормално што во понудата на AppGallery се најде и апликацијата МојДДВ која во нашата земја веројатно е една од најкористените. Според последните податоци од Управата за јавни приходи, во последното тромесечје, кое заврши на 30 јуни, регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5,44 милиони евра. На крајот на март, апликацијата имаше 262.030 корисници. Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei – AppGallery, сите апликации кои се поделени во 18 категории, вклучувајќи финансиски, трговски апликации, апликации за патувања и друго, се развиваат со највисоко ниво на безбедност. Галеријата гарантира безбедност на апликацијата преку механизми за верификација и заштита на четири нивоа.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации. AppGallery обезбедува целосна безбедност и заштита, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурното функционирање на апликацијата. AppGallery нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.

 

Треба да знаете
Последни објави