Камерите во Белград во мноштвото инциденти го забележаа бруталниот напад на полицијата врз неколку демонстранти кои мирно седат на една од клупите во блискиот парк пред републичкото Собрание.
https://www.facebook.com/100010184838633/videos/1164541437228673/
Повеќе полицајци и граѓани се повредени во немирите кои синоќа се случија пред Собранието во Белград, по најавите за можно воведување на полициски час во градот за време на престојниот викенд. Утринава состојбата е мирна, но нови протести се најавени и за денеска.
Уапсени се 23 граѓани, меѓу нив и организаторите, Дамјан Кнежевиќ, познат во јавноста како организатор на нароните патроли против мигрантите, како и поранешниот член на Двери, Срѓан Ного.
Повредени се 43 полицајци и 17 демонстранти.