Во последните 24 часа во Србија 8.590 лица биле тестирани за коронавирус, а 357 од нив биле позитивни.
Починаа 11 лица. Како што рече претседателот Александар Вучиќ ова е втор најлош ден по бројот на новозаразени од почетокот на епидемијата во Србија. Во моментов, 118 пациенти во српските болници се на респиратори.
Стотици луѓе се собраа вчера во центарот на Белград поради најавата за воведување нов полициски час, а протестот брзо прерасна во масовни демонстрации против владеењето на претседателот Вучиќ. Во денешното вонредно обраќање тој, сепак, најави дека полициски час веројатно нема да има.
Претседателот додаде дека тој лично се откажува од полицискиот час, но дека конечниот збор ќе го има стручната фела.