Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12.048.280 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 548.776, а оздравеле 6.964.746 лица.

– Министерството за здравство на Кипар потврди три нови случаи на Ковид-19 од направен 1.691 тест, а бројот на заболени се зголеми на 1.008 лица.

– Во последните 24 часа во Србија од новиот коронавирус заболеле уште 357 лица, а починале 11, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 341. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 17.076 заразени случаи. на респираторни машини се наоѓаат 118 пациенти.

– Во Хрватска во изминатите 24 часа се забележани уште 53 случаи на зараза со ковид-19, а едно лице почина. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во земјата, досега се инфицирани вкупно 3.325 луѓе, од кои 114 починале, а 2.277 оздравеле.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 33 нови случаи на Ковид-19, од кои 21 случај е од тестовите направени на посетители во земјата. Вкупниот бројот на заразени се зголеми на 3.622 лица.

– Во Косово вчера се регистрирани 183 новозаболени од Ковид-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот од март годинава, има 3.886 заразени од новиот коронавирус. Бројката на заболени кои починале од појавата на пандемијата се искачи на 82. Во текот на вчерашниот ден се потврдени 57 излекувани, со што бројката на лица кои ја пребродија болеста достигна 2.003. Активни носители на вирусот се 1.801 лице. Вчера се извршени 365, а од почетокот на пандемијата вкупно 26.093 тестирања.

– Во Мексико во последните 24 часа починале 895 луѓе од последиците на новиот коронавирус, речиси двојно повеќе од вчера. регистрирани се нови 6.258 заразени случаи, со што досега се вкупно 268.008 инфицирани лица во земјата. Од Ковид-19 досега во Мексико починале 32.014 луѓе, а во критична состојба се наоѓаат 378 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави