Жоржињо незадоволен од неговиот статус во Челси

Играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо не се чувствува среќен во тимот, пренесува Goal.com. Фудбалерот на италијанската репрезентација е незадоволен од неговата ситуација во тимот. По продолжувањето на сезоната поради пандемијата на коронавирус, тој одигра вкупно 10 минути.

Френк Лампард и тренерскиот штаб на „сините” сметаат дека халфот не е доволно корисен во напаѓачката игра. Јувентус сè уште покажува интерес за играчот. Тренерот Маурисио Сари сака да го види во својот тим.

Дваесет и осум-годишниот Жоржињо оваа сезона забележа 38 натпревари за Челси и постигна 7 гола со 2 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави