По обновувањето на дел од механизацијата во декември 2019, со набавка на две нови цистерни под притисок со волумен од 4м3, две цистерни под вакуум со волумен од 4м3, како и специјализирано мерно комбе – возило за испитување на дефекти на водоводната мрежа, со цел подобрување и унапредување на работниот оперативен процес, но и подобрување на условите за живот на граѓаните, како и грижата за животната средина, ЈП Водовод и канализација – Скопје, го обнови возниот парк со теренски возила за потребите на Сектор Водовод, Сектор за експлоатација и одржување на капацитети и дежурната служба во рамки на Дежурно Информативниот Центар. Седумте теренски возила се набавени и распределени во овие сектори заради полесно извршување на теренските активности и олеснет пристап до специфичните подрачја на кои е распространета мрежата на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Неодамна, Секторот за санитарна заштита при ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја комплетираше ревитализацијата на микробиолошкиот оддел согласно европските стандарди, регулативи и директиви.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, преку имплеметација и реализација на инвестиционата програма, инвестира и во иднината на претпријатието, во олеснување на работните процеси и во подобрување и унапредување на услугите кои се во служба на корисниците и граѓаните на град Скопје.