Српските опозициски партии денеска реагираа на синоќешните настани од пред српскиот Парламент, па така Демокартската партија ги повика сите актери да поведат дијалог и да ја смират ситуацијата, Партијата за модерна Србија ја критикуваше полицијата за прекумерната употреба на сила, а ПЦГ оцени дека најавениот полициски час е „последица на неспособноста на власта”.
Потпретседателот на ДП, Драгослав Шумарац, ги повика граѓаните да ги смират своите страсти и заедно да се грижат за јавното здравство, а владата да ги преиспита објавените одлуки. Тој, исто така, побара да се утврди идентитетот на униформираните лица, како и на припадниците на полицијата во цивилна облека кои реагираа со сила против демонстрантите.
Покрај критиките кон полицијата, Партијата за модерна Србија го повика јавниот сервис да известува навремено и вистинито, а надлежните со почит да им се обраќаат на граѓаните. Тие, исто така, ги повикаа сите политички чинители да не го злоупотребуваат незадоволството на граѓаните за добивање политички поени и да не го злоупотребуваат незадоволството на граѓаните.
ПЦГ, пак, оценува дека граѓаните имаат целосно право да се бунат против, како што велат, каприците на власта и да не се согласуваат со најавеното „казнување” со полициски час.