Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, заедно со другите кандидати за пратеници во шестата изборна единица, вчера имаа средби со некои од најуспешните компании во земјата кои работат во тетовскиот регион.
Делегацијата на коалицијата „Сега е време” беа примени од сопственикот и управителот на гигантската компанија Ренова во Џепчиште. Села ја пофали работата на оваа компанија, додека разговараше со директорите за економската понуда што ја нуди коалицијата АА-ААА.
Кандидатите за пратеници беа примени во просториите на друга тетовска компанија со меѓународен углед, Везе Шари во Требош. Во рамки на оваа компанија, има неколку други компании со европски партнерства. Во Требош беа посетени и просториите на компанијата Тре Пром од областа на дрвната индустрија, по што делегацијата на коалиција беа гости во Порој, во успешната компанија за производство на брашно, Кокра е Арт.
Села и другите кандидати ги известија управителите и директорите на овие компании дека ги гледаат како партнери во иднина и оти се предвидени олеснувања во нивната активност, особено во бирократските делови и во концесиите со државните земји, како и давање поголеми овластувања на локалната власт, со цел да се избегнат постојаните пречки што се појавуваат во дејноста на некои од овие компании, ќе биде приоритет на идната влада.
– Развивањето и олеснувањето на работата на нашите компании ќе донесе на посебен начин додавање нови работни места и спречување на иселување на младите. Економската програма на коалицијата што ќе донесе „држава за сите”, предвидува економски раст од 4-5 проценти, намалување на невработеноста на 10 проценти во првиот рок, отворање на 25 илјади работни места во јавниот и приватниот сектор, зголемување на просечна плата за најмалку 20 проценти и многу други приоритети, ветиле од коалицијата АА-ААА.