Амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, Михајло Трпковски заедно со своите соработници денеска донираa крв во Заводот за трансфузија во Црна Гора.
Во оваа акција, како што пренесе РТЦГ, учествуваа вкупно десет вработени во Амбасадата.
Заводот за трансфузија се заблагодари за хуманиот гест и испрати повик до останатите организации и поединци во Црна Гора да го следат овој пример и да придонесат во обезбедување стабилни залихи крв.