Комесарката за човекови права на Советот на Европа (СЕ) Дуња Мијатовиќ денеска изјави дека српските власти „имаат обврска да спроведат ефикасни истраги за утврдување на одговорноста и казнување на одговорните” за прекумерната употреба на полициска сила на синоќешните протести во Белград.
„Насилното растурање на демонстрантите од страна на српската полиција во Белград покренува сериозни грижи за човековите права. Полициското насилство или прекумерната употреба на сила никогаш не смее да се толерира, дури и кога операциите насочени кон одржување на јавниот ред за време на демонстрациите се особено сложени и кога полицајците ги извршуваат своите должности во многу напната ситуација”, напиша таа на Фејсбук.
Комесарката на СЕ потсетува дека ова е „добро воспоставен принцип, што ,исто така, е експлицитно даден во Упатството за слобода на мирно собрание од 2019 година, објавен од Венецијанската комисија на Советот на Европа и ОБСЕ / ОДИХР”.
„Српските власти имаат обврска да спроведат ефикасни истраги за утврдување одговорност и казнување на одговорните”, во согласност со релевантната судска пракса на Европскиот суд за човекови права и Упатството за елиминација на неказнивост за сериозни кршења на човековите права, донесени од страна на Комитетот на министри на СЕ во 2011 година”, напиша Мијатовиќ
Комесарката,исто така, истакна дека властите мора да обезбедат лицата кои тврдат дека се жртви на полициско кршење на законот, да поднесат тужба за обештетување.
„Демонстрирањето нулта толеранција кон припадниците на полицијата кои ја кршат професионалната етика или кривично право е клучно за спречување на неказнивоста и за јакнење на јавната доверба во полицијата и нејзината работа за заштита на граѓаните”, додаде Мијатовиќ.
Повеќе од 10.000 лица синоќа се собраа пред српскиот Парламент, откако претседателот Александар Вучиќ најави воведување полициски час во Белград поради пандемијата на коронавирусот. Демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Собранието, но полицијата ги спречи тоа да г