„Како што до сега покажавме дека има пари да ги платиме старите долгови, да ги покачиме платите, да ги покачиме пензиите, ја зголемивме наплатата на даноците, има пари за лекарите, за учителите, укинавме радиодифузна такса, вративме евтина тарифа на струјата, што значи има пари, но и во иднина ќе продлжиме да ги враќаме парите кај граѓаните. И претходно покажавме дека како расте економијата, како расте БДП, парите ги враќаме. Државата постои за граѓаните. Секое враќање на парите кај граќаните тие ги трошат и пак се кај државата. Затоа ние постојано велиме дека инвестираме во човекот, во неговиот капитал и затоа знаеме дека така ќе ја зајакнеме еконимијата“- изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ на телевизија Клан